Еврото скокна на највисокото ниво кон доларот од 2015-та

На светските валутни пазари еврото во однос на американскиот долар минатата седмица силно порасна, па неговиот курс го достигна највисокото ниво од јануари 2015 година.

Цената на еврото во однос на американската валута скокна минатата седмица за 1,3 отсто, на 1.1920 долари, а во еден момент од тргувањето во петокот достигна и вредност од 1,1940 долари, што е највисокото ниво од јануари 201 година.

Во однос на јапонската валута, пак, доларот зајакна па курсот му се зголеми за 0,2 отсто, на 109, 35 јени.

Меѓутоа, индексот на доларот, која ја покажува вредноста на американската во однос на шесте најважни светски валути од земјите најголеми трговски партнери на САД, минатата седмица се лизна за 0,9 отсто, на 92,5 поени, што е најниското ниво за повеќе од една година.

Сѐ до петокот на валутните пазари се тргуваше претпазливо, бидејќи вложувачите не сакаа да ризикуваат во пресрет на годишната конференција на челниците на најважните светски централни банки во Џекосн Хол, која секогаш внимателно се следи поради можните сигнали за монетарните политики.

Но овојпат претседателката на американската централна банка Federal Reserve (Fed), Џенет Јелен, не зборуваше за монетарната политика, туку за финансиската стабилност. Порача дека реформите воведени по финансиските кризи меѓу 2007 и 2009 година го зајакнале финансискиот систем, а дека не му наштетиле на економскиот раст.

Ниту претседателот на Европската централна банка (ECB), Марио Драги, во Џексон Хол не рече ништо ново за плановите во врска со монетарната политика.

Меѓутоа, по неговиот говор следеше силен скок на еврото, бидејќи Драги, и покрај очекувањата, не покажа загриженоста во врска со јакнењето на еврото. Европската валута, имено, од почетокот на годинава зајакна за 13 отсто во однос на американската поради политичките проблеми во Вашингтон и претпазливото зголемување на каматите на Fed.

Од друга страна, пак, следната година се очекува заострување на монетарната политика во еврозоната, откако ECB со години водеше политика на поттикнување.

Иако јакнењето на еврото не оди во полза на извозно ориентираната економија на еврозоната, Драги во петокот не го спомена ниту тоа, туку својот говор го насочи на други аспекти, како што е солидниот раст на економијата во еврозоната. А инвеститорите тоа го сфатија како „зелено светло“ за купување на евра.

„Вложувачите играат на тоа дека ECB не е загрижена поради јакнењето на еврото, и покрај влијанието на тоа врз инфлацијата и растот на економијата во еврозоната. Се очекуваше, сепак, дека Драги ќе се обиде да го ослаби еврото бидејќи на последната седница челниците на ECB изразија зголемена загриженоста поради силното евро“, вели за Reuters Карл Сшамот, директор во компанијата „Cambridge Global Payments“.