Евровизиската песна на Кајмакоски ќе биде промовирана денеска

Aнглиската верзија на официјалната евровизиска песна „Autumn Leaves“, со која што Даниел Кајмакоски ќе ја претстави Македонија во Виена, Австрија ќе биде промовирана денеска напладне во студиото М1 во Македонската Радио Телевизија.

Првата верзија на песната со која Даниел победи на „Скопскиот фестивал“ беше дело на авторскиот тим Александар Митевски, Бобан Апостолов и Далибор Грубачевиќ.

Новиот аранжман го напиша Билбилов, кој се погрижи и за продукцијата.

– Со денови бевме затворени во студиото со Даниел и се обидовме да го извлечеме максимумот. Признавам не сакам баш да работам под ваков голем притисок, во 5 до 12, но сепак, сѐ е добро кога добро ќе се заврши, нашиша Роберт Билбилов на својот Фејсбук профил.

Изборот на песна на Евровизија во Виена, Австрија, ќе се одржува од 19 до 23 мај, во Виенската градска сала, која е со капацитет од 16.000 места и беше домаќин на Европското ракометно првенство во 2010 година.

Ждрепката одлучи Даниел да настапи во првото полуфинале, на 19 мај, второто полуфинале е на 21 мај, а финалната вечер – на 23 мај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.