среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 0

Блокиран граничниот премин Евзони до 17 часот

Граничниот премин е блокиран од понеделникот попладне, а блокадата создава бројни проблеми и за патниците кон Грција, како и за товарниот превоз од и кон земјата.

Последни вести

Блокадата на граничниот премин Евзони денеска се очекува да трае до 17 часот. Според информациите во Грција, земјоделците најавиле дека планираат да продолжат со блокадата до вечерните часови, а потоа да се тргнат и да почнат да пропуштаат возила.

Граничниот премин е блокиран од повеќе од 200 трактори, а поради блокадата има долги редици со возила и со камиони. Земјоделците најавија дека ќе дозволат да се пропуштаат камиони со фрижидери кои пренесуваат храна и лесно расипливи производи. Попладне, по 17 часот, се очекува земјоделците од Северна Грција кои го блокираат Евзони да се состанат и да се договорат за следните чекори од штрајкот. Граничниот премин е блокиран од понеделникот попладне, а блокадата создава бројни проблеми и за патниците кон Грција, како и за товарниот превоз од и кон земјата.

Во Солун има блокада на патот кон солунскиот аеродром „Македонија“ од земјоделците од Халкидики.

Земјоделците планираат да одржат протест в сабота, на отворањето на саемот за земјоделство во Солун.

Најчитани вести