Фабињо прво засилување за „Ливерпул“

Бразилецот Фабињо (23) е првото официјално засилување на „Ливерпул“, кој во премиерлигашот стигна од „Монако“. Фабињо веќе некео време беше цел на многу клубови, но на крајот одлучи кариерата да ја продолжи во Ливерпул.

Според пишувањето на англиските медиуми, „Ливепрул“ за играчот за врска платил 45 милиони евра и тој би требало да биде замена за Турчинот Емре Чан кој најверојатно ќе потпише за „Јувентус“. Англичаните на „Монако“ ќе му платат дополнителни 5 милиони евра преку разни бонуси.

Навистина сум возбуден поради трансферот. Тоа е нештто што секогаш сум го сакал. Ова е гигант од клуб и не се размислував многу за понудата, изјави Фабињо, кој за селекцијата на Бразил има одиграно 4 натпревари.

Трансферот до крај бил неизвесен, откако вчера „Арсенал“ понудил иста сума за Бразилецот, но Фабињо „пресекол“ и се решил за „Редсите“ бидејќи веќе бил на лекарски прегледи на „Енфилд Роуд“.

Коментари