Фабио Капело е алчен крадец

Најпознатиот националист во Русија, лидерот на Либерално демократската партија, Владимир Жириновски го нарече алчен крадец актуелниот селектор на “зборнаја”, Фабио Капело .

Жириновски призна дека се уште не може да се помири со фактот дека репрезентацијата на Русија е елиминирана во групната фаза на Светското првенство во Бразил, а побара од челниците на Фудбалската федерација под итно да ја прекинат соработката со трофејниот италијански стручњак.

“Русија освои само два бода. Тоа е заслуга на лошиот селектор. Тој не е човек кој треба да биде наш предводник. Мора да сме слепи при очи и да не гледаме кој ни ја води репрезентацијата. Во него нема борбен дух воопшто. Или отказ за него или ќе барам оставка од Италијанецот. Мора да му се побара извештај и оставка. Сепак тој е алчен и нема да го стори тоа. Ќе си ги земе своите седум милиони евра и баш му е гајле. Замислите, репрезентацијата доживеа катастрофа, а тоа не се одразува на неговата плата. Капело е крадец, изјави Жириновски.