Фабио Капело е главното оружје на Русија

Можно е за нијанса поголемо внимание да привлече вториот дуел од групата „Х”, пресметката помеѓу редовниот учесник на најважната фудбалска манифестација, репрезентацијата на Јужна Кореја, и домаќинот на следниот Мундијал, селекцијата на Русија.

За разлика од пред четри години, претставникот на Азија нема тим кој е составен од фудбалери кои играат во најквалитетните европски лиги, додека предводникот на „зборнаја”, трофејниот италијански стручњак, Фабио Капело ќе се обиде да го искористи претходно акумулираното искуство.

„Мислам дека го имаме потребното искуство кое често пати се има покажано како пресудно за мундијалските натпревари. Пред четири години бев селектор на Англија, бев дел од Мундијалот во Јужна Африка и добро знам колку е важно да знаеш кои фудбалери ги тренираш и каква е нивната ментална состојба. Со искуство го анулираш непотребните грешки, грешките кои си ги направил во минатото. Јужна Кореја е редовен учесник на сите фудбалски манифестации и секогаш игра се подобро и подобро. Ќе бидеме многу блиску до планираните три бода ако одиграме сконцентрирано во сите 90 минути”, изјави предводникот на Русија, Фабио Капело.

Дуелот помеѓу Русија и Јужна Кореја стартува во 00:00 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.