Фабиус: Курдите не се поканети на преговорите за Сирија

Специјалниот претставник на ОН во Сирија, Стефан де Мистура нема да ја покани Курдската партија за деократско единсрво на преговорите што ќе ги води сириската опозиција која е поддржана од Ријад.

Ова го изјави францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус, додавајќи дека Стефан де Мистура му пренел дека поканите се веќа пратени, пренесува Ројтерс.

Припадниците на Партијата за демократско единство се причинители на најголемиот број проблеми и де Мистура ми рече дека не им пратил покана, наведе шефот на француската дипломатија.

Тој додаде дека де Мистура исто така потврдил дека опозициската група, што е поддржана од Саудиска арабија ќе ги предводи преговорите дури иако другите противници бидат присутни.

Шефот на француската дипломатија истакна дека разговарал со координаторот на сириската опозиција Ријад Хиџаб кој, како што нагласи, ќе разговара со де Мистура и со секретарот на ОН Бан Ки Мун.

Ако ја разбирам нивната позиција, тие ги одобруваат преговорите и истовремено бараат да им се дадат детали за тоа кој учествува, што е направено на хуманитарното поле и за што ќе разговараме, порача Фабиус.