Фабиус: Мигрантската криза во Македонија треба итно да се реши

Фабиус: Мигрантската криза во Македонија треба итно да се реши
Фабиус: Мигрантската криза во Македонија треба итно да се реши

Мигрантската криза во Македонија треба да се реши без натамошно одложување, изјави министерот за надворешни работи на Франција Лорен Фабиус, објави МИА.

Само во последните два месеца од Грција во Македонија влегле околу 45.000 мигранти.
Само во последните два месеца од Грција во Македонија влегле околу 45.000 мигранти.

Шефот на француската дипломатија вчера по средбата во Прага со неговиот чешки колега Лубомир Заоралек рече дека министрите за внатрешни и за надворешни работи на државите членки на ЕУ ќе разговараат за проблемот со мигрантите кои во се поголем број пристигнуваат во Македонија. Мигрантската криза, како што нагласи Фабиус, не е проблем само на Македонија.

Само во последните два месеца од Грција во Македонија влегле околу 45.000 мигранти, повеќето од Сирија, Авганистан, Ирак и Пакистан. Поради напливот на мигранти од Грција македонските власти вчера прогласија кризна состојба на јужната и на северната граница.

Официјалните бројки за мигрантската криза на пограничната агенција на ЕУ, Фронтекс, покажуваат дека во јули во земјите од ЕУ влегле 107.500 мигранти. Нивни најпосакувани одредници се Австрија, Германија, Велика Британија и Шведска.

Податоци од МВР за состојбата со мигрантите

Според објавените најнови податоци од МВР за состојбата со мигрантите во текот на изминатото деноноќие издадени се вкупно 1.210 потврди за искажани намери за поднесување барање за азил.

Како што информира МВР од лицата кои добиле потврда 1.015 се од машки пол, 185 се од женски, 227 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 10 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.023, Ирак-66, Бангладеж–41, Пакистан-33, додека другите се во помал број.  Во текот на денот не се регистрирани никакви посериозни инциденти, иако од страна на соседна Република Грција, без никаква контрола, илегални мигранти сеуште вршат притисок за влез во земјава, информираат од МВР.

Досега издадени вкупно 43.631 потврди

Досега издадени вкупно 43.631 потврди
Досега издадени вкупно 43.631 потврди

Според последните, најнови податоци од МВР, во периодот од 19.06.2015 до 23.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 43.631 странски државјани, од кои, 30.336 се од машки пол, 6.089 се од женски, 6.945 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 641 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-35.369, потоа Авганистан-2.082, Ирак-2.056, Пакистан-1.241, Сомалија-564, Палестина-560, Конго-305, Бангладеж-292, Нигерија-158, Камерун-146, Еритреја-140, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.