Спорт

Фабрегас: Барса му ја затвори устата на Мурињо

Фабрегас: Барса му ја затвори устата на Мурињо

Одличниот играч за врска од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Сеск Фабрегас, откри дека со триумфот на тешкото готување во Манчестер, актуелниот шампион на Шпанија на најдобар можен начин му ја има затворено устата на контроверзниот менаџер на Чезли, Жозе Мурињо.

Португалскиот стручњак пред неколку дена изјави дека Сити има историска шанса да слави над убедливо најлошиот тим на Барселона во изминатите неколку сезони.

„Барса е прва во Примера дивизион, Барса победи на “Итихат”, Барса е дел од финалниот натпревар во Купот на Шпанија. Што друго можат да посакаат најверните фанови на Барселона? Точно дека чуствуваме секаков притисок, но поради истиот ние се чуствуваме специјални. Со оваа победа им ја затворивме устата на ситее тие кои во изминатите неколку дена изјавуваа дека ова е најлошиот тим на Барса во изминатите неколку сезони. Се надевам дека таа персона нема толку да збори за Барса во следните неколку дена”, изјави Фабрегас.