Фабрегас: Барса се обиде да го блокира мојот трансфер во Челзи

Најновата милионска аквизиција на лондонскиот премиерлигаш Чезли, Сеск Фабрегас, откри дека раководните лица на каталонскиот гигант Барселона пробале на секаков можен начин да го блокираат неговиот трансфер на „Стемфорд Бриџ”.

„Побарав од челниците на Барселона да пронајдат начин, да пронајдат некакво решение за да си заминам од „Ноу Камп”. Претседателот, Жозеп Мариа Бартомеу се обидуваше се до последниот момент да го блокира мојот трансфер во редовите на Челзи, но јас веќе ја донесов конечната одлука. Разговарав со Бартомеу, разговарав и со спортскиот директор Андони Зубизарета. И на двајцата им кажав дека сакам промена на клупската средина. Нема некоја специјална причина поради која си заминав од редовите на Барселона, не поради некоја грешка која сум ја направил. Ќе ја одбиев понудата на Челзи ако бев убеден дека немаше да бидам среќен на “Стемфорд Бриџ”. Сакам да сум среќен и на прифатното и на професионалното поле. Челзи има фантастичен тим, млад, талентиран тим. Ќе изградиме тим со неколку фантастични засилувања. Живеев во Лондон осум години, имам многу пријатели”, изјави Фабрегас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.