Фабрегас не сака да му се повтори Арсенал

Летната аквизиција на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Сеск Фабрегас, откри дека сака да ги освои сите можни трофеии во “синиот” дрес и дека од сите понуди кои пристигнале на неговата адреса, најпримамлива била таа на гигантот од “Стемфорд Бриџ”.

“Мојата амбиција? Јас имам само една амбиција, сакам да ги освојам сите можни трофеии во дресот на Челзи. Ми беше многу важно, пред стартот на Мундијалот, да ги решам сите дилеми кога е во прашање мојата клупска кариера. Сакав со мирна глава да пристигнам во Бразил, сакав да знам каде ќе играм во новата клупска сезона. Бев убеден дека дојде вистинскиот момент за промена на клупската средина. Добив неколку примамливи понуди. Разговарав со менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо и после тој разговор ми стана јасно дека Челзи е најдобрата можна опција за мене. Многу е тешко да се игра против тимовите на Жозе Мурињо. Секогаш се совршено организирани, дисциплинирани во сите 90 минути. Жозе го вади најдоброто од сите фудбалери”, изјави Фабрегас.