Фабрегас од „Ноу Камп” се сели на „Итихат”

Сензационалната информација дека челниците на каталонскиот гигант Барселона се во потрага по клуб кој ќе одвои сериозна парична сума за услугите на одличниот играч за врска, Сеск Фабрегас, со голема радост е прифатена и од раководните лица на најбогатиот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Сити.
Интернационалната групација “Абу Даби” е подготевна да го исплати побараното обештетување за репрезентативецот на Шпанија од 40 мил. евра, а таква подготвеност претходно демострираа и раководните лица на Манчестер Јунајтед.
Поголеми шанси, кога е во прашање потписот на Фабрегас има помалку трофејниот клуб од Манчестер кој и во новата сезона ќе биде дел од групната фаза во Лигата на шампиони, додека Јунајтед најверојатно ќе се натпреварува само во домашното првенство и во куп натпреварите.