Фабрегас: „Тики така“ е бесмислена

Поранешниот шпански репрезентативец, Сеск Фабрегас даде свое мислење по повод елиминацијата на „Црвената фурија“ од Мундијалот по поразот на пенал од домаќинот Русија 1:1 (3:2).

Ја сакам „тики така“, таа е убава игра, но е бесмислена. Ништо не се случува. Не видовме никаква опасност од шпанскиот тим, освен две ситуации. Диего Коста трчаше многу, но во основа топката одеше многу назад, а тие само сакаа да имаат посед на топката. И тој посед повеќе му штетеше отколку што му користеше на нападот, а би требало да биде обратно, велиизјави фудбалерот на „Челзи“, Фабрегас.

Поранешниот фудбалер на „Арсенал“ и „Барселона“ за националниот тим прв пат настапи во 2006 година, но не е во Русија. Тој со „Фуријат“ го освои светското првенство во 2010 година, како и европските првенства во 2008 и 2012 година.