ВИДЕО: „Фабрика“ за фалсификувани пасоши откриена во Русија

Во Русија е откриена „Фабрика“ за фалсификувани пасоши. Руската федерална безбедносна служба (ФСБ) уапсила криминална група од 14 осомничени лица кои што биле вклучени во изработка на фалсификувани пасоши и други документи за исламските екстремисти што планираат да одат на боиштата во Сирија, како и за другите што доаѓаат во Русија на терористички мисии, јавува „Раша Тудеј“.

Во заедничка операција на ФСБ и Министерството за внатрешни работи во Москва била разоткриена меѓународна криминална група, која обезбедувала фалсификувани пасоши за екстремистите од Русија и други земји.

Лицата што биле вклучени во тамошната „Фабрика“ за фалсификувани пасоши биле уапсени откако биле откриени повеќе докази за нив, соопшти ФСБ.

Во рамки на операцијата биле откриени поголем број пасоши, формулари, печати, посебна опрема за изработка на фалсификувани документи, како и екстремистичка литература.

ФСБ верува дека сите членови на групата се во притвор. Службите ги откриле тајните печатници и лаборатории, а продажбата и каналите за дистрибуција на документите во моментов се затворени.

Членовите на криминалната група преземале големи мерки за заштита, дејствувале тајно и постојано го менувале местото на престој, а користеле и средства за енкриптирана комуникација, со што успевале да останат незабележани додека пребарувале на интернет.

Видеото погледнете го на следниот линк.