Фабрика за преработка на автомобилски гуми ќе се гради во Новаци

Фабрика за преработка на стари автомобилски гуми ќе се гради во маровското село Брод, најави општина Новаци.

Од секторот за односи со јавност информираат дека за потребите на овој инвестициски проект е изработена студија за оценка на влијанието врз животната средина од новата фабрика.

– Целта беше да се е идентификуваат евентуалните последици од проектот врз животната средина пред да биде издадено решението за градење на објектот и за да можат да се елиминираат или ублажат  негативните биофизички, социјални, здравствени и останати ефекти. За изградбата на фабриката посебно го информиравме локалното население, велат од општината.

Изработувач на стратегиската оценка е Илија Кондински, овластен експерт за оценка на влијанието на проектот врз животната средина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.