Кражба во фабриката „Макстил“ во Скопје

Кражба во фабриката „Макстил“ во Скопје – од магацин се украдени бакарни кабли вредни 700.000 денари.

Кражбата се случила во периодот на месец јануари. Непознат сторител од магацинот на фабриката украл бакарни кабли од околу 400 метри, со што се стекнал со противправна имотна корист од 700.000 денари.

Тешката кражба, сторителот ја извршил на тој начин што ја прескокнал жичаната ограда, влегол во кругот и со употреба на погоден предмет откорнал една од оградните табли на магацинот, влегол внатре, ги зел предметите и незабележан од никој заминал во непознат правец.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.