Facebook тврди дека руски тролови се инфилтрирале на Instagram пред изборите во САД

Социјалната мрежа Facebook тврдеше во средата дека околу 20 милиони корисници на Instagram во САД ги виделе содржините коишто наводно ги креирале руски оператори за да влијаат на американските претседателски избори во ноември 2016 година.

Вкупно околу 150 милиони корисници на Facebook и Instagram виделе такви содржини во текот на 2015 и 2016 година, изјави правниот директор на Facebook Колин Стреч во текот на сослушувањето пред комитетот за разузнавање на американскиот Сенат.

Станува збор за второто во последните два дена парламентарно сослушување посветено на улогата на социјалните мрежи во наводната кампања за „руско дезинформирање“.

На Instagram, кој му припаѓа Facebook, околу 120.000 објави наводно биле креирани до руски оператори. Го виделе 16 милиони корисници од октомври 2016 година и околуи четири милиони пред тој датум тврдеше Стреч.

Американските ресурси задолжени за „рамнотежа со руското дезинформирање“ финансирани во водечките медиуми во светот и во регионални ресурси ширум светот, тврдат дека на тие бројки треба да се додадат 126 милиони корисници на Fаcebook кои ги виделе наводните написи на руската компанија „Interent Research Agency“, којашто наводно била поврзана со руските разузнавачки служби за да влијаат на изборите во САД.

„Вкупно околу 150 милиони лица биле опфатени со руските дезинформации на овие две платформи“, изјави Стреч. Според него, од јуни 2015 до август 2017 година Facebook објавил реклами во износ од 100.000 долари на 3.000 акаунти на Facebook и на Instragam наводно поврзани со IRA.

Компаниите Twitter и Google, исто така, учествуваат во сослушувањата пред сенаторите кои се гневни поради задоцнетите реакции на интернет гигантите против лажните профили и роботи со кои наводно управува Русија или некои други земји, во обидите да се докаже наводната руска вмешаност во американскиот изборен систем и да се измести одговорноста на политичките и државните служби од ваквата евентуална одговорност а да се докаже истовремено наводната улога на Москва.