Фајман: Австрија нема да гради огради долж границата

Поради најавата на Микл Лајтнер дека ќе биде крената ограда на границата со Словенија, Фајман синоќа разговарал и со претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер, кој побарал објаснување.

Тие во телефонскиот разговор, како што се соопштува, се согласиле дека на „оградите не им е местото во Европа“.

Фајман и Јункер се сложиле дека е неопходно колку е можно побрзо да се применат одлуките донесени на состанокот во неделата со земјите од Западен Балкан, со цел да се спречи хуманитарна катастрофа во Западен Балкан.

Евентуалното кревање на оградата на границата со Словенија би можело да предизвика домино-ефект.

Виенскиот весник „Пресе“ пишува дека и Словенија ќе превземе слични мерки како Австрија, доколку Виена ги реализира најавите за изградба на ограда долж границата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.