Фајман: Германија директно да ги превзема бегалците од Грција и Турција

Австрискиот канцелар Вернер Фајман ја повика Германија директно да ги презема бегалците од Грција и соседните држави на Сирија, така што ќе издава сертификати за нивно патување до одредиштата, но, како што вели претходно е неопходно германската влада да утврди квоти за бегалци од Грција, Турција или Јордан, пренесува „Танјуг“.

Фајман за виенски „Курир“ изјави дека тој документ мора да обезбеди бегалците што пристигнуваат на германската граница да може да влезат во земјата.

Тој истакна дека веќе не е подносливо дневно да се пропуштаат по повеќе илајди лица, а на другата страна Германија да и соопшти на Австрија дека тој ден ќе прими само 1.000 или 2.000 мигранти.

Тој повтори дека Австрија несмее да стане „чекална за бегалци“ поради Германија и дека официјална Виена ќе се бори против тоа.

Од Кабинетот на канцеларот е објаснето дека ако Германија го прифати овој предлог Австрија ќе ги пропушта само оние беглци што би поднеле само барање за азил или имаат сертификат за патување, а кој што би бил издаден од страна на германските власти.

Фајман се залага и за воспоставување на фонд на ЕУ за бегалците во Европа, сличен на оној за спасување на банките. Според неговите зборови, парите би требало да се користат за заштита на надворешните граници на ЕУ во Грција но и за покривање на трошоците за барателите на азил.