Фајман: Грција се однесува како „туристичка агенција“

Австрискиот канцелар Вернер Фајман почача дека Австрија нема да отстапи од својата политика кон азилантите, а ја обвцини Грција дека за прашањето за бегалците се однесува како „туристичка агенција“, пренесува „Танјуг“.

Тој во интервју за виенскиот дневник „Естерајх“ најави дека Австрија ќе се придржува до горната граница за прифаќање на бегалците што годинава е одредена на 37.500 лица.

Ние неможеме сите бегалци да ги примиме кај нас и тоа како шеф на владата ќе го застапуваме, со сите последици, нагласи Фајман.

Тој за „Кронен Цајтунг“ истакна дека Австрија била примерна во бегалската криза, како и дека е разочаран што тоа не е признаено. Фајман исто така изјави дека повеќе не ја разбира политиката на Грција.

Невозможно е Грција да дејствува како туристичка агенција и сите бегалци само да ги пропушта понатаму. Грција минатата година прими 11.000 бегалци, а ние 90.000. Тоа не смее да се повтори, нагласи тој.

Националните мерки, според неговите зборови, биле само „самоодбрана“ но и повик за помош.

Ние сакаме европско решение, но постојат голем број неисполнети одлуки во Европската комисија, поради што стекнав уверение дека мораме самостојно да дејствуваме, објаснува Фајман.

Тој го оцени како „запрепастувачки“ ставот на Европската Комисија.

Тие се навикнаа тажно да посматраат како Грција само ги пропушта бегалците. Се навикнаа да посматраат како се не функционара и тоа е запрепастувачки, ја критикува Фајман Европската комисија.

Тој исто така критички се осврна на донеодамнешниот сојузник Германија, оценувајќи дека Берлин не го поддржал барањето на Австрија во спорот околу квотите за распределба на бегалците во ЕУ да се укинат финансиските поттикнувања за оние држави што се спротивставиле на фер распределбата.

Фајман најави дека на претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск пред самитот на 7-ми март уште еднаш ќе му го изнесе својот јасен став дека нема да го менува своето мислење.