„Фајнлфорот“ во Купот на Македонија во Охрид

Фајнлфор турнирот во ракометниот Куп на Македонија ќе се игра во Охрид ( 17 – 18 мај), потврдија челниците на Ракометната федерација на Македонија.

„Охрид покажа голема заинтересираност за организацијата на завршниот турнир во Купот на Макердонија.  Веруваме дека  се ќе мине во најдобар ред, бидејќи Охрид беше одличн домаќин и на кошаркарскиот турнир”, изјавија од РФМ.

Бранител на  трофејот во Купот на Македонија е Металург, кој во  ланското финале во СРЦ „Кале” го  совлада шампионит Вардар.

Ракометната федерација на Македонија  на Управниот Одбор донесе одлука да го награди селекторот на младинската репрезентација Зоран Петковски, со  60.000 денари за пласманот на ЕП 2014 во Австрија.

Петковски ги водеше млаадинците  до три победи, над Италија, Грција и Исланд, освојувајќи го првото место на турнирот што се одржа во СРЦ „Кале“.