Факти кои сигурно не сте ги знаеле за познатиот брод „Титаник“

Дали сте знаеле дека „Титаник“ е единствениот брод кој удрил во санта мраз и дека трагедијата би можела да биде спречена…
Филмот Титаник претставува една од најдобрите екранизации за големата несреќа. Иако филмот е снимен според вистинска случка, многу ситуации кои се случиле тогаш не се прикажани.

tit

Ви претставуваме најинтересни факти за познатиот брод:

  1. Вежбата за итна евакуација во чамците за спасување во случај за несреќа требало да се одржи на денот на несреќата.
  2. Дали се сеќавате на сцената во филмот, кога музичарите свират иако бродот тоне? Тоа навистина се случило. Свиреле се’ додека ледениот океан не ги проготал.
  3. Милтон Херши, основач на познатата фабрика за чоколади „Херши“, имал билети за Титаник, но во послледен момент морал да ја откаже резерацијата поради обврски.
  4. Јапонецот кој го преживеал бродоломот, по враќањето во својата земја бил прогласен за кукавица, бидејќи чесно не загинал со останатите патници.
  5. Од познатите четири оџаци на Титаник, само три работеле. Четвртиот бил само за бродот да изгледа помоќно.
  6. Буџетот за филмот Титаник бил поголем од буџетот на самиот брод.

    titanik-foto-wikipedia-1389624710-426989

  7. Ледената санта во која удрил Титаник го започнаа својот пат окоу 1000 година п.н.е.
  8. Бродот „Калифорнијан“ бил многу близу до Титаник и лесно можел да ги спаси сите патници, но поради густата магла и дефект во комуникациите, тоа не се случило.
  9. Шефот на кујната на Титаник ја преживеал несреќата и ладната океанска вода во која поминал два часа, биејќи бил толку пијан и алкохолот му ги греел виталните органи додека не стигнала помошта.
  10. Титаник е единствен прекуокенаски брод кој удрил во санта мраз.

    titanik

11. Ниту еден чамец за спасување не бил исполнет до полседниот капацитет.  Да се исполнел максимумот, сите луѓе би      преживеале.

12. Само 30 секунди порано да ја здогледале сантата мраз, до ударот и трагедијата немало да дојде.

titanik1