„Факти.орг“: Во Македонија не прислушувал Груевски, туку германската БНД

Масовните демонстрации во Македонија се одвиваат според класично сценарио на обоените револуции, затоа веќе ги именуваат како „македонски мајдан“, пишува Сергеј Марков, проректор на московскиот Универзитет „Плеханов“, за српскиот портал „Факти“.

Според него, со продуцирање криза Американците настојуваат да осуетат два проекти – „Турски тек“ и кинескиот „Нов пат на свилата“.

„Опозицијата, која што ја поддржуваат западните земји, ја обвинува актуелната власт за недостиг на демократија, корупција..

Во центарот на престолнината е направен камп, а правото демонстрантите да ги блокираат централните улици го подржа амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли. На демонстрантите им дадоа поддршка и западните медиуми, кои ја обвинуваат актуелната власт за користење диктарурски методи на владеење.

Штабот на активностите на демонстрантите, како и во Грузија во 2003 година, е во Фондот на Сорос, а не во Стејт департментот и во ЦИА, како што беше во Украина.

Во овој конфликт Западот остварува геополитички цели. Прва од нив е да се осуети „Турски тек“, преку кој би требало да се транспортира гас во јужна и централна Европа, а според  плановите, треба да поминува низ Турција, Грција, Македонија и Србија.

САД се заинтересирани да пропадне „Турски тек“ за гасот да оди во Европа од Катар. САД на тој начин ќе држат рака на вентилот и би можеле тоа да го користат за свои политички цели.

Другиот глобален проект кој е на удар е „Нов пат на свилата“, чиј иницијатор е Кина.

Завршната фаза на „Нов пат на свлилата“ би требало да биде делница за железничка пруга која би поминувала од пристаништето Пиреј во Грција низ Македонија, Србија и Унгарија.

Третата цел е заплашување на левичарската влада на Грција и десничарската влада на Унгарија, за да не го искористат правото на вето за продолжување на санкциите против Русија. Во спротивно и се закануваат со обоена револуција.

И четврто: Западот се обидува демонсративно да ја казни земјата која не учествува во санкциите против Русија“, смета Марков.

Понатаму во текстот се наведува дека во Македонија, Албанците сочинуваат една четвртина од населението. Специфичност на оваа земја е силниот албански фактор. Многу албански лидери се залагаат за Голема Албанија, во која според нив би требало да влезат Албанија, косово и делови од Македонија, Србија и Грција.

„Познато е дека албанските вооружени одреди тесно се поврзани со Ал Каеда, Исламската држава и нарко мафијата. Албанците денеска не се подготвени за никакви отстапки и судејќи по политичките несогласувања немаат намера проблемите да ги решаваат по мирен пат. Нападот на албанските терористи врз македонската полиција тоа го потврдува. Тка што, покрај осудата за рускот и кинескиот проект, над Европа виси реална опасност од меѓуконфесионален конфликт. Војната помеѓу албанските муслимани и словенските православци може да биде слична на шиитоте и синитите на Блискиот исток, што зафати неколку земји во регионот. Во македонската приказна генерално се провлекува германска трага. Медиумите во германија ја обвинуваат македонската Влада за таен договор со терористите.  За потсетување, распадот на Југославија почна откако Германија ги призна Словенија и Хрватска. Германија многу децении се обидувала да се пробие на Балканот, и во време на кајзер и во време на Третиот рајх. Можно е да сме сведоци на уште едно пробивање на Германија на Балканот. Како одговор на обидот за државен преврат, поддржувачите на актуелната власт одржаа најмасовен митинг во историјата на Македонија. На митингот се слушнаа пароли за поддршка на Русија и на православието“, се вели во текстот.

fakti