Факти за доверба: Каде одеа парите во времето на СДСМ?

Каде одеа парите во времето кога СДСМ ја имаше власта во свои раце, или поточно, зошто граѓаните не видоа речиси никаков бенефит во владеењето на социјалдемократите, наспроти низата проекти во мандатот на ВМРО-ДПМНЕ кои се главна причина зошто оваа партија убедливо ја добива довербата од граѓаните на избори.

Фактите и аргументите јасно ја покажуваат разликата меѓу овие две партии, која народот ја согледува во изминатите изборни циклуси. Кога инвестициите во енергетиката се во прашање, сите влади на ВМРО-ДПМНЕ досега вложиле повеќе од една милијарда евра, додека сите влади на СДСМ 480 милиони евра, пишува Курир.

Во патната инфраструктура од 2006 година до сега изградени, реконструирани и рехабилитирани се повеќе од 1.000 километри патишта. Како никогаш досега, во моментов се градат 132 километри нова автопатска мрежа. Една милијарда и 300 милиони евра е вкупната инвестиција во патната и железничката инфраструктура, што се реализира истовремено во Македонија.

Во времето на ВМРО-ДПМНЕ се изградени 77 училишни спортски сали, додека во периодот кога СДСМ ја практикуваше власта, никој не се сеќава дека е изградена училишна спортска сала.

Од 2006 до 2014 година, ВМРО-ДПМНЕ како поддршка за земјоделците додели 780 милиони евра.  Во времето на СДСМ немаше субвенции за тутун воопшто, додека во време на ВМРО-ДПМНЕ субвенцијата за тутун изминативе години изнесува 60 денари за килограм.

Кога извозот на земјоделски производи е во прашање, во 2006 година беше 242 милиони евра, а во 2013 година извозот повеќе од двојно се зголеми на 504 милиони евра. Набавка на земјоделска механизација за земјоделците владата на ВМРО-ДПМНЕ само последниве 4 години набави повеќе од 6.700 трактори и друга земјоделска механизација за земјоделците по принципот 50-50, додека СДСМ никогаш не обезбеди ваква помош за земјоделците.

Просечната плата во време на СДСМ беше 13.518 денари додека во време на актуелната власт изнесува 22. 407 денари. ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми пензиите на пензионерите за 62%, додека во време на СДСМ просечната пензија изнесуваше 7.683 денари, а сега таа изнесува 12.445 денари.

Социјалната помош од 2006 година до сега е зголемена за 47%, а постојаната парична помош за 46%.  Во времето на ВМРО-ДПМНЕ се набавија 312 автобуси, додека во време на СДСМ нула автобуси. Невработеноста во време на СДСМ изнесуваше 38%, додека сега невработеноста е намалена на 27,9%.

Бројот на туристи во време на СДСМ во 2006 година изнесуваше 499.473 лица, а во 2014 година 735.650. Во време на ВМРО-ДПМНЕ намалени се цените на над 3.000 лекови и се заштедија повеќе од 30 милиони евра.

Каде беа овие пари во времето на СДСМ?… очигледно завршуваа во нечии џебови.