Факти за порно филмовите: Можат да предизвикаат амнезија, секој трети посетител е жена

Порнографија на интернет најмногу се пребарува во недела, а најбогатата порно ѕвезда веќе со години е пензионирана. Секој од нас барем еднаш во животот гледал порно филм, без разлика дали тоа било од чиста љубопитност, потрага по инсипирација, проба да одглуми сцена од филм за возрасни со својот партнер, но навистина е неверојатно колку факти на оваа тема не знаеме.

Порталот Men’s Health ги пренесува најфасцинантните:

1. Снимањето на порно филмовите започнало веднаш по првите филмови

Кога браќата Лумиер во 1986 година го снимиле првиот филм веројатно не ни мислеле дека таа технологија за многу брзо ќе почне да се користи и за снимање на првите порно филмови. Само седум години подоцна Алберт Киршнер го снимил „Le Coucher de la Marie“, стриптиз филм, а веднаш потоа почнала да се снима и вистинската „акција“ во кој пионери биле Киршнер и Евген Пиру.

par-1416074278-51134

2. Гледањето на порнографија може да предизвика губење на меморијата

Така бар тврди резултатот од истражувањето објавено во „Journal of Sex Research“. Истражувањето е направено на 20 мажи во средни 20-ти години на кои им биле покажувани слики од сексуален карактер, а тие морале да притиснат да или не за да одговорат дали оваа слика веќе им била покажана во претходниот сет на фотографии. Дури 33 отсто дале погрешен одговор.

3. Недела е денот кога порнографијата најчесто се бара по интернет

Мажите викендот го користат за одмор од работа или училишни обврски, а тоа изгледа вклучува и гледање на порнографски содржини на интернет, и тоа во недела наутро најчесто. Интересно е што ни девојките не се разликуваат многу од мажите. Денот кога најмалку се бара порнографија сосема очекувано е Божик.

gledanje-televizije-1390561451-25086

4. Секој трети посетител на порно страните е жена

Да, девојките повеќе не се срамат да прегледуваат порнографски содржини. Затоа многу страници воведоа нова категорија со едноставно име „за жена“ или „женски избор“, на кои по правило има помалку насилни содржини.

5. Џена Џејмисон и понатаму е најбогатата порно ѕвезда

Иако престана со снимање филмови пред подолго време, таа е недопирлива на листата на најбогати порно ѕврзди на сите времиња, а нејзината заработка и понатаму се зголемува благодарение на продажбата на секс играчки со нејзиниот потпис. Нејзиното богатство се проценува дури на 30 милиони долари што е двојно повеќе од второпласираниот. Меѓу активните порно ѕвезди, најуспешна е Џеси Џејн со 8 милиони долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.