Фактите го побиваат Анѓушев: Србија во Трст добила 2 милијарди евра, a Македонија 70 милиони евра

Македонскиот вицепремиер задолжен за економски прашања и привлекување инвестици, Кочо Анѓушев, по враќањето од самитот за Западен Балкан одржан претходно седмицава во Трст, излезе пред домашаната јавност со тврдењата дека земјата добила најмногу поддршка во регионот од 70 милиони евра, меѓутоа фактите укажуваат дека тоа е далеку од вистината, бидејќи соседна Србија објави дека на истиот настан склучила договори за две милијарди евра.

Така, Кочо Анѓушев, како еден од побогатите македонски бизнисмени, чиешто именување во владата на Зоран Заев требаше да ги убеди граѓаните во наводниотот инвеститориски бум во Македонија, всушност со ваквите неосновани изјави се вклопува во општиот впечаток дека никако да започне остварувањето на ветувањата дадени во кампањата на СДСМ. Наместо почеток на реализацијата на најавените проекти, Анѓушев продолжува во низата лажни и популистички изјави, во обид да се купат политички поени кај граѓаните. Меѓутоа, таквите дејствија имаат речиси никаков ефекти и имаат рок на траења од само еден ден, преокупирајќи ги само медиумите кои ја поддржуваат неговата опција.

angusev-srbija-640x319

Имено, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев по завршувањето на самитот Евероспак унија – Западен Балкан во Трст изјави дека Македонија е најголем добитник со добиени 70 милиони евра.

„Од вкупните пари, 40 отсто се грант за Македонија, иако таа е само една од шестте земји, а по број на жители е една од помалите. Што значи дека, ако одиме по жител, Македонија е навистина победник во оваа фаза од поддршката на Берлинскиот процес“, рече Анѓушев во очигледниот обид уште во старт да се релативизира самата своја изјава.

Според него, ова потврдувало дека биле „препознаени реформските процеси“ и „новиот дух“ на Владата. Но којашто откако дојде на власт пред речиси два месеца веќе започна со повлекувањата од ветувањатам на пример, за минимална и просечна плата, за субвенциите за земјоделците иако секојдевно сме сведоци на револтот кај замјоделските производители.

Единственото нешто во што засега владата на СДСМ е веродостојна е исполнувањето на ветувањата за своето членство и вдомувањето на партиските кадри во државните институции или, пак, блокирањето на сите проекти кои ги отпочна минатата влада, што треба да ја формира перцепцијата за наводно нејзиното лошо работење што ќе послужи новата власт да склучува нови аранжмани.

A според пишувањата на српската медиуми, најголем добитник по самитот во Трст е Србија, која добива повеќе од 2 милијарди евра, што е речиси 30 пати повеќе од она што Македонија го доби. Иако, еве нека е, и четири пати поголема според населението од земјата.

srbija-najveke-mari

„Ден по четвртиот самит на земјите на западен Балкан во Трст, финансиски епилог е: Србија добива повеќе од 2 милијарди евра за кредитирање на патната и железничка инфраструктура, реконструкција на четири клинички центри, а ќе има пари и за мали и средни претпријатиа, проекти наменети за деца, мигранти…“ , пишува српски Блиц.

Во однос на останатите земји од регионот, Србија доби најмногу пари за кредитирање, меѓу останато како што вели Дубравка Негре, шеф на канцеларијата на Инвестициската банка за Западен Балкан, „за Србија е наменет поголем дел од парите како најголема земја во регионот“, пишува Блиц.

Анѓушев кажа дека овој грант кој Македонија го добила е за градба на делот од пругата кон Бугарија, а тоа го претстави како некој извонреден успех. Додека за нашиот северен сосед, ќе бидат дадени пари за изградба на автопати, за реконструирање на четири клинички центри, пари кои ќе бидат искористени како свеж капитал во бизнисот.

Србија, според написите во белградските електронски медиуми, на почетокот ќе добие 50 милиони евра од Европската инвестициска банка, наменети за кредитирање на обнова на клиничките центри во Србија. Реконструирани ќе бидат клиничките центри во Белград, Нови Сад, Ниш и Крагујевац. Вкупната вредност на овој проект е повеќе од 400 милиони евра, од кои половина ги финансира ЕИБ.

Во Трст министерката за сообраќај на Србија, Зорана Мих ајловиќ, разговарала за финализација на договорот за пакет проект тежок 300 милиони евра. Проектната документација е спрем, а штом кредитот биде одобрен и одобрен во парламентот, ќе се почне со реализација на изградбата на првиот дел, од Ниш до Плочник (автопат Ниш – Мердаде – Приштина), вредна 230 милиони евра, а во комбинација со грантот од Инвестицискиот дел за Западен Балкан, средства од ЕИБ и пари од буџетот на Србија. Инаку работите на тој проект „автопат на мирот“, во должина од 77 километри, чија проценета вредност за изградба е околу 850 милиони евра, би требало да почнат во втората половина на 2018 година, пишува во текстот на Блиц. Во текстот исто така пишува и дека се обезбедени пари, кои како свеж капитал ќе може да влезат во фирмите.

Оттаму, се наложува дека новата македонска власт веќе го губи кредитот да игра на адутот на напади и криминализирање на своите претходници, и оти мора веќе да испорачува барем и минимални резултати од своето работење во остварувањето на дадените ветувања. Тоа за Заев е императив, доколку сака да ја убеди јавноста дека граѓаните го гласале да им ги зголеми минималните и просечните плати, меѓу другото, а не дека е само политичка инсталација којашто треба да одработи одредени проекции за влијанија во регионот.