Фактите го побиваат Заев, СДСМ не ги донесе големите инвестиции

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев се обиде на неговата партија ги препише инвестициите кои „Џонсон Мети“ и „Џонсон Контролс“ ги реализираа во земјава.

Тој во интервју за МРТ рече дека инвестицијата на британската компанија „Џонсон Мети“ е од времето на СДСМ. Ова невистинито тврдење на Заев е многу лесно да се побие, ако се согледаат фактите, изјавите на високи претставници на компаниите, датумите на остварување на инвестициите, како и лицата присутни на отворање на фабриките, пишува „Курир“.

Вистината за инвестициите на „Џонсон Мети“ и „Џонсон Контролс“ е сосема поинаква. „Џонсон Мети“ одлуката да инвестира во Македонија ја има донесено во 2007 година, според зборовите на Џатин Такрар, генерален директор на „Џонсон Мети“ во Македонија.

„Кога во „Џонсон Мети“ првично ја донесовме одлуката да инвестираме во Македонија, потребно беше да се завршат многу работи и процедури. Голема поддршка и помош во тоа време ни даде македонската Влада. Одлуката да инвестираме во Македонија беше донесена во 2007-ма година, а во 2008 година започнавме со изградба на првата фабрика во Бунарџик“, вели Такрар во интервјуто за неделникот Капитал дадено во јуни 2012 година.

kaptalot2

„Џонсон Мети“ стартуваше со производство во 2010 година, а годинава реши да инвестира и да отвори и втора фабрика.

Кон средината на јули 2007-ма година, беше објавена веста дека Џонсон Мети отвори нова фирма во Македонија. Менаџментот на компанијата потпиша меморандум за соработка со македонската Влада. Договорот, како што се гледа на фотографијата, го потпиша премиерот Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

kapital-meti

„Сител“ телевизија на шестти ноември 2008-ма година објави: Џонсон Мети и Владата потпишаа договор за земјиштето на Бунарџик. По потпишувањето на овој договор изјави за медиуми дадоа Лари Пенст од Џонсон Мети и министерот за финансии во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ставрески.

Заев не ја говореше вистината кога изјави дека „Џонсон мети“ е инвестиција донесена во “нивно време“. СДСМ не ја реализраше ниту инвестицијата на „Џонсон контролс“.

stavreskiiii

Дневниот весник „Вечер“ на 13-ти декември 2007-ма година ја објави веста за свеченото отворање на фабриката за автомобилски делови „Џонсон контролс“. На стартот на работата присуствуваа премиерот Никола Груевски и речиси целиот владин кабинет.

„Влегувањето на Џонсон контролс во Македонија ќе значи воведување на нови светски стандарди и принципи на работењето, и што е најважно, особено се цени човечкиот капитал и знаењето што многумина во Македонија ќе го добијат“. Со овој говор премиерот Никола Груевски официјално ја пушти во употреба првата производствена линија на фабриката.

vecer-dzonson

„Би-Би-Си“ на македонски на 12-ти декември 2007-ма година го објави текстот за тогаш новата инвестиција, за која напиша „Денеска со работа почна фабриката Џонсон Контролс. Долгоочекуваната инвестиција од Владата беше најавувана и како почеток на инвестициски циклус кој во Македонија ќе донесе познати светски компании“.

bbccc

И „Џонсон Мети“ и „Џонсон Контролс“ донесоа одлука за инвестирање, изградија фабрики и почнаа со работа во време на оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Изјавите на Зоран Заев за гринфилд инвестициите се побиени со факти, очигледно прашањето кое му беше поставено „Може ли да наброите најмалку три гринфилд странски инвестиции од времето на владеење на СДСМ“ го “стави во тесно“.

Нејасните тврдења на лидерот на СДСМ дека „Џонсон Мети“ и „Џонсон Контролс“ се инвестиции од времето на СДСМ, претставуваат продолжување на низата нелогични изјави и гафови кои струмичкиот градоначалник не може да ги избегне речиси во ниту едно интервју дадено досега, било тоа за печатен или електронски медиум.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.