Македонија

Факултети кои доставиле е – потврди за редовни студенти до ФЗОМ

Факултети кои доставиле е – потврди за редовни студенти до ФЗОМ

Студентите нема повеќе да ги заверуваат потврдите за редовно школување во студентски прашања па да ги доставуваат на шалтерите во подрачните служби на ФЗОМ. Со новиот проект „Е-потврди за редовни студенти“ ФЗОМ секоја нова потврда/промена за редовно школување ја добива по електронски пат од соодветната образовна установа за високо образование.  

ФЗОМ го овозоможи ова олеснување за студентите, но во првиот семестар одредени факултети укажаа дека треба да направат прво техничко прилагодување и до следниот семестар и тие ќе се приклучат. До тогаш, за овие студенти останува обврската да донесaт потврди во подрачните служби на ФЗОМ.

Како што соопштуваат од Фондот, досега  80% од редовните студенти во Република Македонија за кои факултетите доставија електронски податоци веднаш забележаа олеснување.  За редовните студенти, за кои нивните матични факултети досега не доставиле електронски потврди за редовно студирање до ФЗОМ, потврдитe ќе можат самите студенти да ги достават во печатена форма во било која подрачна служба на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Оваа потврда е обрвска согласно Законот за здравствено осигурување за секој студент од 1992 година.

Во прилог следат виокообразовните институции, кои доставиле до ФЗОМ електронски податоци редовно школување, со што студентите без никакви административни формалности и трошоци, им се обезбеди континуирано здравствено осигурување.

Економски факултет Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје,      Југоисточно-европски универзитет во Тетово, Универзитет Св. Кирил и Методиј-медицински факултет Скопје, Филозовски факултет Скопје, Градежен факултет Скопје,  Природно-математички факултет Скопје, Универзитет Американ-колеџ  Скопје, ФОН универзитет Скопје, Стоматолошки факултет Скопје, Фармацевтски факултет Скопје,  Меѓународен Славјански институт Москва Св. Николе, Факултет за земјоделски науки и храна Скопје, Меѓународен балкански универзитет Скопје, Архитектонски факултет, Факултет за музичка уметност Скопје,  Свети Апостол Павле уинт Охрид , Факултет за бизнис економија Скопје, Бизнис академија Смилевски-БАС Скопје, Факултет за физичка култура Скопје, Факултет за драмски уметности Скопје, Факултет за ветеринарна медицина Скопје,  П.в.п.у еуро колеџ Куманово.