“Фала за гостопримството во Шутка, а морковот во уста ќе ти го ставам“

Пратеникот Амди Бајрам денеска имал блиска средба со лице од потесното обезбедување на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој вербално го нападнал, а потоа се обидел и да се пресмета со неговото обезбедување.

„Вечер“ пишува дека пратеникот бил видно вознемирен бидејќи полицајците не го привеле телохранителот на Заев, за кој тврди дека бил вооружен, а потоа побарал и медицинска помош и се пожалил дека има отежнато дишење.

Според Бајрам инцидентот се случил околу 15:30 часот пред дирекцијата на ГТЦ, каде се сретнал со човекот од обезбедувањето на Заев. Тој почнал да го навредува, но и Бајрам не останал покус, па набрзо ситуацијата ескалирала.

-Тој ме запре и ми се заблагодари за гостопримството во Шутка, а потоа ми рече дека ќе ми го стави морковот во уста, алудирајќи на мојата изјава за време на изборната кампања, тврди Бајрам, пренесува „Вечер“.

Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк.