Фалкао и дефинитивно го пропушта Мундијалот во Бразил

Клупските челници на Монако и раководните лица на Фудбалската федерација на Колумбија се во шок откако клупскиот доктор на францускиот прволигаш, Жозе Карлос Норона, на денешната вонредна прес-конфереција потврди дека најголемата ѕвезда Радамел Фалкао е потешко повреден и дека таквиот вид на повреда бара мирување во следните шес месеци.

Најскапата аквизиција во клупската историја на Монако се повреди на куп натпреварот против нисколигашот Каселаи, а лекарските прегледи покажаа дека станува збор за кинење на вкрстените лигаменти во десното колено.
Клупскиот докотор потврди и дека нема ни теоретска шанса Фалкао да настапи на престојниот Мундијал во Бразил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.