Фалкао ќе навива за Атлетико (М)

Најскапата аквизиција во клупската историја на францускиот прволигаш Монако, Радамел Фалкао, откри дека со нетрпение го очекува финалниот натпревар од годинашното издание во Лигата на шампиони и дека ќе навива за поранешниот клуб, Атлетико (М).

„Ќе нема фаворит во финалниот натпревар, двата тима имаат идентичен квалитет. Шансите за успех се 50-50. Очекувам спектакуларен натпревар, вистинско уживање. И минатата сезона бевме сведоци на еден спектакуларен натпревар, мислам на финалниот дуел од Купот на Шпанија. Победата на Атлетико (М) на “Сантијаго Бернабеу” е само уште еден доказ дека нема фаворит во финалните натпревари. Нормално дека ќе навивам за Атлетико (М), ќе бидем голема подршка за моите поранешни соиграчи. Кристијано Роналдо знае колку ми значи Атлетико (М), но се уште не сме разговарале на оваа тема, не сме разговарале за финалниот натпревар во Лисабон”, изјави Фалкао.