Фалкао ќе заработува по 50 илјади евра дневно

Откако славниот Фалкао потпиша за Манчестер јунајтед, медиумите почнаа да пишуваат за огромната заработка која ќе ја реализира со трансферот.

Радамел Фалкао за само една недела ќе заработува по 280.000 фунти, што е еквивалент на повеќе од 350.000 евра.

Како што пишува Дејли мејл, тој за еден ден ќе заработува 42.857 фунти, за еден час 1.785 фунти и за само една минута ќе инкасира по 29 фунти.

Неодамна тој беше забележан со сопругата Лорели Терон, како уживаат во Мајами заедно со ќеркичката Доминик Гарсија.

Колку за споредба, најдобрите фудбалери на светот, Меси и Роналдо, заработуваат по 292.000, односно 288.000 фунти неделно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.