Фалкао може на Енфилд Роуд, но под специфични услови

Раководството на Монако е многу блиску до одлука со која Радамел Фалкао сепак би завршил во Ливерпул – но на позајмица!

Како што пренесува Дејли Мејл, клубот од Кнежевството за колумбискиот репрезентативец бара 12 милиони фунти, но и Ливерпул да ги превземе обврските околу исплатата на платата на одличниот напаѓач која изнесува 200 000 фунти неделно.

Менаџерот на Црвените Брендан Роџерс изјави дека клубот има пари за врвно засилување во нападот и дека до крајот на преодниот рок ќе проба да најде адекватна замена за Луис Суарез кој премина во Барселона.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.