Фалкао не е по вкус на Карло Анчелоти

Предводникот на актуелниот европски клупски шампион, Реал (М), Карло Анчелоти, стави крај на сите дилеми кога е во прашање можниот трансфер на колумбискиот интернационалец од редовите на францускиот прволигаш Монако, Радамел Фалкао.

Трофејниот италијански стручњак откри дека е задоволен од изборот на напаЃачи и додаде дека “крлаксиот клуб” нема да испрати понуда за бомбардерот на Монако.
“Го имаме Карим Бензема, но и уште неколку ихрачи кои можат да одговорат на таа позиција. Тука е Иско, кој би можел без проблем да биде „лажна деветка“. Не е важно колку голови ќе постигне, важно е добро да ги разигрува Кристијано Роналдо и Герет Бејл. Не ни е потребен уште еден напаѓач, па дури да се работи и за Фалкао“, изјави Анчелоти.