Фалкао останува во Јунајтед

Иако Радамел Фалкао се уште не почнал да ги тресе туѓите мрежи, челниците на Манчестер јунајтед побрзаа што поскоро да ги разрешат дилемите околу неговата иднина потпишувајќи перманентен договор со Колумбиецот.

Весникот „Дејли мејл“ информира дека менаџерот на Фалкао ги договорил личните услови на фудбалерот, па ќе се чека во текот на сезоната тој договор да биде и официјално потпишан. Како што е познато, Фалкао пристигна на „Олд трафорд“ на последниот ден од преодниот рок на едногодишна позајмица од Монако вредна шест милиони фунти, а „ѓаволите“ имаат можност целосно да го откупат неговиот договор со францускиот прволигаш за дополнителни 42,5 милиони евра.