Фалкао преку писмо застана во одбрана на Меси

Според аргентинските медиуми и пошироката јавност во оваа јужно американска држава, Лионел Меси е главниот виновник за новиот неуспех на Аргентина во едно финале на големо натпреварување, а очигледно неочекуваниот расплет на настаните го натера Радамел Фалкао да му испрати емотивно писмо на капитенот на „гаучосите“ и да им одговори на сите „зли јазици“ кои се обидуваат да ја стават во втор план големината на четирикратниот освојувач на „Златната топка“.

Иако никогаш во кариерата не играле заедно, Фалкао е голем вљубеник во играта на Лионел Меси, а во продолжение прочитајте ја неверојатната порака која му ја напиша на социјалните мрежи.

„Ако постигне еден гол, зошто не постигна два. Ако постигне еврогол, противникот не направил доволно. Ако има само една асиситенција, мора да биде вклучен повеќе во играта. Ако издрибла неколку противнички дефанзивци, тие не се играчи од врвно ниво. Ако постигне гол од слободен удар, живиот ѕид не бил добро наместен. Ако постигне гол на едно финале, претходно натпреварот веќе бил решен. Ако ја освои „Златната топка“, таа требала да му припадне на друг. Ако те претрча уште на стартот, дефанзивецот тргнал многу касно. Ако не се брани доволно, не е играч кој игра за тимот. Ако одигра еден лош натпревар, тој е просечен играч. Ако постигне гол за Барселона а не за Аргентина, не ги чувствува доволно боите на националната селекција. Ако освои се на клупско ниво, сите се прашуваат зошто тоа не го прави и со Аргентина. Ако освои нешто со репрезентацијата (Олимписки игри), му фали Мундијалот. Ако постигне хет-трик, одбраната била ужасна. Ако постигне пет гола, можел да постигне и 7 против таа лоша одбрана. Ако не поздрави едно дете зошто не го видел, тој е лош човек. Ако Барселона е елиминирана од некое натпреварување, само тој е виновен. Ако на Аргентина не и оди, само тој е виновен. Еве ова е животот на Лионел Андрес Меси Кучитини. Ова им е секојдневниот план. На крајот на краиштата, само луѓе што малку разбираат добар фудбал можат да пронајдат аргумент за да ја доведат во прашање твојата работа и твојата големина. Ние се обидуваме да ги чуваме и да ги запаметиме сите твои акции, бидејќи знаеме дека за 15 години ќе ги гледаме видеата и сликите од твоите голови и прослави. За среќа, кога ќе го правиме тоа, ќе можеме да кажеме дека: НИЕ БЕВМЕ ДЕЛ ОД ЕРАТА НА МЕСИ“- гласи објавата на новиот фудбалер на Челси која експресно стана хит на социјалните мрежи.

radamel-messi

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.