Фалкао пристигнува на Стемфорд Бриџ

Екипата на Челси за време на летниот преоден рок би можела во своите редови како позајмен играч да го ангажира колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао, тврди англиски “Стар”.

Фудбалерот кој има 29 години не се изнаигра баш во Манчестер јунајтед и се врати во старата средина, Монако. Сега, тој е пред нова позајмица и враќање во Премиерлигата, овој пат во тимот на Жозе Мурињо, кој го сака Колумбиецот во тимот на “сините” како замена за Дидие Дрогба кој си замина од “Стемфорд Бриџ”.

Искусниот голгетер ќе настапи за Колумбија на Копа Америка каде ќе биде капитен, а ако двете страни се договорат, тој ќе го реализира трансферот на почетокот на јули.