Фалкао се сели во Манчестер Јунајтед

Колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао е многу блиску до преселба во екипата на Манчестер Јунајтед, јавуваат англиските медиуми.

Тој на “Олд Трафорд” ќе дојде на едногодишна позајмица од Монако, а Јунајтед за неговите услуги ќе плати дури 12 милиони фунти.

Според информациите на некои од светските медиуми, Фалкао уште денес со приватен авион ќе пристигне во Манчестер, каде треба да ги мине лекарските прегледи.

Фалкао минатото лето се пресели од Атлетико Мадрид во Монако за 50 милиони фунти, а за тимот од малото кнежество постигна 11 голови, но во јануари заработи тешка повреда на коленото.