Фалкао убеден дека ќе игра на Мундијалот во Бразил

Најскапата аквизиција во клупската историја на францускиот прволигаш Монако, колумбискиот интернационалец Радамел Фалкао е убеден дека ќе биде дел од престојниот Мундијал во Бразил.

Искусниот напаѓач пред неколку месеци заработи тешка повреда на десното колено, беа скинати вкрстените лигаменти, а клупскиот доктор на францускиот клуб потврди дека таквата повреда бара мирување во следните шест месеци.

“Се е во најдобар ред кога е во прашање мојата рехабилитација. Задоволен сум од прогресот кој е направен во изминатите неколку недели. Мислам дека е подобро и од тоа што го очекувавме. Се надевам дека ќе продолжиме во истата насока. Потребно е време. Ќе има уште една мала интервенција врз моето колено, а после истата јас ќе одлучам дали сум подготвен за игра. Мислам само на моето колено, мислам на рехабилитацијата. Ако се бидево најдобар ред, тогаш сигурно ќе настапам на Мундијалот во Бразил”, изјави репрезентативецот на Колумбија.