Фалкао верува дека Господ ќе му помогне

И покрај сериозноста на повредата која бара мирување во следните шест месеци, репрезентативецот на Колумбија и најголема ѕвезда во дресот на францускиот прволигаш Монако, Радамел Фалкао е убеден дека и понатаму може да биде дел од пресојниот Мундијал во Бразил.

Клупскиот доктор на францускиот прволигаш потврди дека Фалкао ги има скинато вкрстените лигаменти левото колено и додаде дека брзоногиот напаѓач нема да биде во состојба да настапи за својата репрезентација на престојниот Мундијал во Бразил.

„Прво сакам да им се заблагодарам на сите тие кои ми испратија порака со желба што е можно побрзо да се вратам на зелениот терен. Ме трогнаа сите тие пораки, ме трогна нивната љубов и желба што е можно побрзо да оздравам. Не можам да сокријам дека многу сум тажен, моето срце е уништено. Но јас верувам, верувам дека ќе го исполнам мојот сон да бидам дел од престојниот Мундијал во Бразил. Господ невозможното го прави возможно. Јас верувам во Господ”, изјави Фалкао.