Фалон: Британија ќе продолжи со дронови да убива терористи

Фалон: Британија ќе продолжи со нападите врз ИД во Сирија
Фалон: Британија ќе продолжи со нападите врз ИД во Сирија

Британскиот министер за одбрана, Мајкл Фалон изјави денеска во Лондон дека Велика Британија нема да се колеба за да изврши нови напади со дронови во Сирија, со цел да спречи потенцијални терористички закани.

Министерот Фалон потврди дека во воздушни напади со дронови на британскиот РАФ, биле убиени двајца британски муслимани, терористи, припадници на милитантната сунитска исламистичка група Исламска држава (ИД).

Станува збор за сосема легален акт на самоодбрана, рече Фалон, откривајќи дека двајцата убиени биле терористи и дека планирале извршување на серија терористички напади.

Во нападите со прецизно далечински управувани летала се убиени Ријаз Кан (21)  британски муслиман роден во Кардиф, во Велс, како и Рухил Амин (26) Британец од Абердин, во Шкотска.

Двајцата се убиени на 21 август во реонот на сирискиот град Рака, кој е под контрола на ИД и се смета како центар на „исламскиот калифат“.

Мајкл Фалон објасни дека немало друг начин да „се спречи Кан“, кого премиерот Дејвид Камерон го обвини за „варварски напади“.

Според британските тврдења, има и други терористи кои се вклучени во заговори за напади врз цели на британската територија, па затоа нема да има двоумење РАФ повторно да нападне цели на сириската територија, што ги контролираат џихадистите на ИД.

Ова досега е прв случај, РАФ да изврши напади и да убие Британци-терористи со дронови.

Опозициските лабуристи и Шкотската национална партија (СНП) побараа од Владата независна истрага, дали операциите со дроновите се легално извршени