Фалсификатор на ИД уапсен во Австрија

Алжирецот Џамал Вали, фалсификатор на пасоши за потребите на Исламска држава е уапсен во Автрија.

Вали наводно ги фалсификувал пасошите кои ги користеле припадниците на ИД, оние кои го извршија терористичкиот напад во Париз.

Со тие документи тие ја поминале и полициската контрола во Австрија.

Салах Абдеслам и двајца терористи, кои во септември, минатата година, престојувале во Австрија, со фалсификувани документи ја поминале контролата на австриската полиција.

И покрај европските налози за апсење, Вали патувал ширум Европа, а уапсен е на Бренер, на преминот кон Италија.

„Изработката на документите“ на Вали, очигледно била многу добра поради што полицијата не се посомневала во лажните пасоши и ги пуштала корисниците низ контролата.

Полицијата претпоставува дека Вали пробал да побегне од Белгија и да се сокрие во Италија, заедно со својата сопруга.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.