Фалсификувале документи за хомологација

ПС Гостивар поднесе кривична пријава против А.О.(48) од Скопје и Т.З.(42) од Прилеп, за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Пријавените со скенер и компјутер во домот на T.З. изготвувале фалсификувани потврди за сообразност-хомологација, а потоа за одреден паричен износ ги продавале на лица кои увезувале возила од странство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.