Македонија,Крими хроника

Фалсификувани денари пуштени во промет во Штип

Фалсификувани денари пуштени во промет во Штип

Фалсификувани денари пуштени во промет во Штип. Како што информира МВР, Г.А. вработен во маркет, вчера пријавил дека претходниот ден во банка во Штип, при предавање на дневен пазар, од страна на вработен во банката утврдена е една фалсификувана банкнота од 500 денари.

Банкнотата е одземена за вештачење со потврда за привремено одземени предмети.

Фалсификувани пари кружат низ Македонија

Инаку, претходно во медумите се појавија информации дека во промет кружат фалсификувани денари, а дека најмногу во оптек има фалсификувани банкноти од 500 денари.

Банкнотите тешко може визуелно да се препознаат од обичните граѓани, па и од трговците. Повеќе информации за ова, како и повеќе фотографии од фалсификуваните банкноти на следниот линк.