Магазин

Фан на „Пријатели“ тврди дека ја решил 13 години старата загатка од серијата

Фан на „Пријатели“ тврди дека ја решил 13 години старата загатка од серијата

Во една од епизодите на популарната серија „Пријатели“, поточно 22-та епизода од осмата сезона, Џои ги напрегнува мозочните клетки и се обидува безуспешно да пресмета колку вкупно му должи на Чендлер за станарина, часовите по глумење и по танц и разни други снимања и позајмици.

Така, прашањето за тоа колку Џои навистина му должи на Чендлер, остана неодговорено.

Но, денес, 13 години по оваа епизода, еден фан на серијата „Пријатели“ тврди дека успеал да пресмета колкав е долгот.

Фанот, кој на Редит се крие зад името ASmile ThatKills, објави дека се работи за сума од дури 115 илјади долари. Тука биле пресметани меѓу другото и часовите по глума, давачките за станарина и храна, како и трошоците кои Чендлер ги покри кога поради Џои им беше ограбен станот и мораше да купи поголем дел од мебелот.

Во оваа „расправа“ се вклучија и другите корисници на Редит кои додаваа нивни забелешки, исправки и коментари за тоа која е реалната сима.

– Чендлер во суштина ги покриваше трошоците за живот на еден возрасен човек во стан што се наоѓа во еден од најскатапите делови на Менхетен, напиша меѓу другото ASmile ThatKills во неговото објаснуање на Редит, каде може да се види детален попис на трошоци на несреќниот Чендлер поради Џои.