Фани Каранфилова-Пановска ќе го замени Милчин во „Сорос“

Фани Каранфилова-Пановска, според информациите, е избрана за нов извршен директор на фондацијата „Отворено општество – Македонија“, објави Утрински весник.

Долгогодишната внатрешна членка на фондацијата ќе го замени режисерот и професор 67-годишниот Владимир Милчин, кој по 23 години лидерство го напушта кормилото на македонскиот разгранок од мрежата на Сорос во Централна и Источна Европа, пишува весникот.

Милчин на водечкото место во ФООМ останува до 30 јуни.

fani