Фановите на Бока му приредија фантастичен пречек на Тевез

Аргентинскиот фудбалер и довчерашен член на Јувентус Карлос Тевез се врати во Бока Јуниорс.

По 11 години во Европа, Карлос Тевез се врати онаму каде што почна, во Бока Јуниорс. Токму во овој клуб напаѓачот ја започна својата професионална кариера каде од 2001 до 2004 на 75 меча постигна 26 голови.

Потоа следуваше преселба во Коринтијанс, па Вест Хем, потоа Манчестер Јунајтед, па градскиот ривал Сити, а последен негов европски клуб беше Јувентус.

Преполниот стадион „Ла Бомбоњера“ со овации го поздрави враќањето на еден од нивните омилени фудбалери. Преку 40.000 фанови на Бока Јуниорс беа присутни на стадионот и во голем стил го одбележаа враќањето на Карлос Тевез.

Напаѓачот ќе ја чини Бока 6,5 милиони евра, сума која аргентинскиот тим ќе мора да ја исплати на Јувентус до декември 2016-та година.

Како дел од оваа зделка двата тима се договорија за позајмица на Гаудио Видал, за чии услуги „Старата дама“ ќе издвои 3,5 милиони евра, а доколку сакаат целосно да го задржат ќе мора да платат дополнителни 9,4 милиони евра.