Фановите на Порто го пречекаа Касилјас на аеродром

Иако од Реал замина на мала врата, Икер Касилјас во Порто беше пречекан со голем ентузијазам и фанови на клубот го чекаа уште на аеродром.

Шпанецот доби извонредно емотивен пречек во Португалија, кога неколку стотици навивачи на Порто се насобраа на аеродромот и го поздравија со песна.

Касилјас го напушти Мадрид после долго време и кариерата ќе ја продолжи во Порто, а ќе го носи дресот со број 12.