Спорт

Фантастично постигнување на “кралот” Леброн

Фантастично постигнување на “кралот” Леброн

Со постигнатите 40 поени на синоќешниот трет дуел од финалето во НБА лигата, Леброн Џејмс запиша нов историски момент за себе, со оглед на тоа што во првите три средби од финалето стигна до вкупна бројка од 123 поени.

Тоа досега не му успеало на никого во историјата на НБА. Леброн зад себе ги остави Рики Бари (122 поени), Џери Вест (118 поени), Мајкл Џордан (117 поени) и Шекил О’Нил (116 поени).

“Се обидувам да направам се што е потребно за мојот тим. Ништо повеќе. Ова е сепак финале” – истакна кратко Леброн Џејмс по синоќешната победа над Голден Стејт.