петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 0

„Фантомите“ беа главен адут на СДСМ, сега се главна тема на потсмев кај македонските граѓани

izbiracki-spisok

Последни вести

Академици, новинари, јавни лица, политичари, но и обични граѓани како „фантомски гласачи„. Фантомите беа еден од главните алатки за манипулација кои СДСМ ги користеше како изговор да не оди на избори.

Започнаа со бројка од половина милион, па потоа 300.000, 40.000 за на крај веќе и да не ги споменуваат, пишува Курир.

Активната регистрација на спорните гласачи заврши пред неколку дена. До истекот на рокот вкупно 8922 лица поднеле апликација за да останат на избирачкиот список. 30.580 лица ќе бидат избришани од списокот. Тие последна можност да се вклучат во изборниот процес ќе имаат некаде во октомври, по распишување на изборите кога избирачкиот список ќе биде ставен на јавен увид. Тогаш повторно ќе можат со личните документи да се пријават на гласање.

И ако на почетокот од оваа фантомизација на македонските граѓани, СДСМ секојдневно манипулираше и ја споменуваше бројката која секогаш беше различна, денеска не се слуша ни буквата „ф„ од „фантом“ во речникот на опозицијата.

За потсетување, само Радмила Шекеринска во јавноста излезе со различна бројка на фантоми:

По сите манипулации, од страна на СДСМ, се огласија и оние кои беа прогласени за фантоми:

-Kако е можно јас да бидам фантом и непостојна личност? Kако може по толку години да нема траги во евиденциите на институциите за мене? Поради сето тоа, не ми паѓа на памет сега да одам и да убедувам некого дека постојам, вели за Дневник, 85-годишната Зузана Тополињска.

Не сум стасал во рокот да се пријавам на повикот на Државната изборна комисија за да го решам спорниот статус на Избирачкиот список, но тоа не значи дека не постојам и дека сум измислена личност, изјави за „Дневник“ скопјанецот Горан Матевски, чие име е меѓу 30.580 граѓани кои веќе не се во Избирачкиот список и кои официјално станаа непостојни лица, односно фантоми.

Матевски, појаснил дека својот спорен статус ќе го регулира пред да бидат распишани изборите кога ќе има рок за нова проверка на Избирачкиот список и за внесување во него. Тој вчера ни објасни и зошто не стасал да се пријави за да биде внесен во Списокот.

-Јас веќе цели две децении престојувам во Сојузна Република Германија и само повремено доаѓам тука, дома. И сега дојдов минатата сабота, само еден ден по истекот на предвидениот рок за пријавување и го испуштив. Другарите ми кажаа дека моето име се наоѓало меѓу тие што се спорни. Сакам да се расчисти таа ситуација, ќе настојувам тоа да го решам кога ќе биде следниот рок , вели Матевски.

И Мирјана Најческа јавно кажа дека одбива да се регистрира и на својот Фејсбук профил напиша:

najcevska-1

-После сите вкрстувања што ги направила ДИК , со сите бази на податоци и теренското испитување, моето име се уште се наоѓа на списокот на оние за кои не се знае дали постојат или не. Тоа значи дека јас после 35 години гласање на едно исто гласачко место, со регистрирано постојано живеалиште на иста улица и на ист број над 35 години, со работен стаж на исто место со над 35 години, со пасош и лична карта, со пријави до УЈП и платен данок, треба да се вуцарам и да се пријавувам во некоја подрачна единица?
ДИК е составена од банда идиоти (од прв до последен без разлика на пол, верска или национална и партиска припадност) кои или не знаат да читаат па не им е јасно како да го употребат Правилникот (http://www.sec.mk/files/pravilnik_za_metodologija.pdf), или немаат врска со мозокот, а камоли со работата, или пак намерно се изживуваат што го подведувам под вознемирување и барам соодветно да бидат казнети. Во секој случај, јас немам намера да одам и да докажувам дека постојам и немам намера да гласам во држава во која заштитата на моето право е во рацете на една ваква банда идиоти, напиша професорката.

Најчитани вести